Јадранка Костова – уредничката на „Фокус“ е добитничка на наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ која ја доделува Здружението на новинари на Македонија.
Костова во текот на целата кариера се води од премисата дека критиката треба да биде насочена кон власта, односно кон оние кои ја поседуваат моќта, а власта ги расипува.
Таа, заедно со Никола Младенов, ја водат битката за зачувување на неделникот „Фокус“ во време кога тогашната власт преку судски процеси со големи парични казни сака да го згасне критичкиот дух на медиумот.
Костова и покрај сите притисоци одлучи да застане на чело на неделникот „Фокус“ како главна уредничка и ја продолжи мисијата на Младенов – „Фокус“ да биде контролор и критичар на секоја власт“.
Меѓу многуте трајни белези кои ги остава во македонското новинарство е и серијата документарни емисии насловени како „Незавршен мир“, која претставува хронологија, новинарска и политичка анализа на воениот конфликт во Македонија во 2001 година.