Џеф Безос продаде уште 14 милиони акции на Amazon за вртоглава сума пари

Основачот на Amazon и еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, продаде уште 14 милиони акции од таа компанија за 2,4 милијарди долари, со што вкупниот број на продадени акции од почетокот на месецот достигна 50 милиони.

Продажбата започна кон крајот на минатата недела и продолжи до вторник, според пријавата за хартии од вредност.

Безос продал вкупно 14.006.906 акции на компанијата за околу 2,37 милијарди долари, според пријавата.

Продажбата е направена во согласност со однапред договорениот план за тргување што Безос го усвои во ноември и го објави претходно овој месец, во кој се вели дека би можел да продаде до 50 милиони акции на Amazon пред 31 јануари 2025 година.

Безос минатата недела продаде околу 12 милиони акции на Амазон, во вредност од околу 2,03 милијарди долари, како дополнение на уште една транша од 12 милиони акции само неколку дена претходно. Недела пред тоа истовари уште 12 милиони акции.

Безос минатата година подари акции на Амазон во вредност од околу 240 милиони долари.