Халанд испиша историја во Премиерлигата

Ерлинг Халанд синоќа против Брентфорд успеа да поститгне гол и со тоа на својот Манчестер Сити да му донесе победа, екстра значајна победа во битката за титулата во Премиерлигата.

Со тој негов гол Норвежанецот испиша историја во ПЛ, а тоа е дека нема клуб во елитниот ранг во Англија на кој Халанд не му има дадено гол, недостигаше уште Брентфорд.

Ова му успеало само уште на Хари Кејн кој точно на 32 клуба му има дадено гол. Се смета ако само играш повеќе од двапати против еден ист тим.

Најголеми „муштерии“ на Халанд во изминатите 20 месеци колку што е во Сити, му се Манчестер Јунајтед и Фулам, на кои му има дадено по пет голови.

Инаку Пеп Гвардиола откри и една тажна вест за него.

Имено Халанад во изминатиот период минувал низ тежок период со оглед на тоа дека починала неговата баба.