Додик денеска на средба со Путин

Претседател на Република Српска, Милорад Додик денеска ќе присуствува на отворањето на „Игри на иднината“ во Казањ, Русија, што ќе ги отвори Владимир Путин.

Додик очекува да се сретне со претседателот на Русија.

Во интервју за РТРС, Додик изјави дека е привилегија да се сретне со Путин, што и да кажат на Западот.

„Путин има позитивен став кон својот народ и држава, тој ја брани својата субјективност, суверенитет и слобода на рускиот народ и има целосно разбирање за сите негови пријатели, без разлика од каде доаѓаат“, рече Додик.