Стигнале 20.000 обрасци за пасоши, доволни само за итните случаи

МВР доби само дел од нарачаните 400 илјади обрасци за пасоши – од добавувачот пристигнале 20 илјади обрасци. Ова е само 5 отсто од договореното, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој вели дека со посебен акт се изменети условите од првичниот Договор, со кој биле предвидени многу повеќе обрасци. Ова ќе мора да се истражи како е дојдено до измена на условите, најави министерот.

Тошковски вели дека според договорот до вчера требало да пристигнат 400 илјади обрасци, но тоа со одреден акт било сменето.

Од МВР и денес апелираа до пратениците да направат законски измени за патните исправи, по истиот принцип како што тоа се направи за возачките дозволи.

Од Министерството за надворешни работи деновиве преку соопштенија информираа дека во дипломатско-конзуларните претставништва во Минхен, Бон, Берн и Венеција веќе се работи во две смени за издавање пасоши за македонските граѓани. Ова ќе трае сѐ до нормализирање на ситуацијата и намалување на барањата на нашите државјани, за конзуларни услуги.

За овие 20 илјади обрасци предност ќе имаат оние граѓани кои платиле за издавање пасош по итна постапка и за лицата со медицинска потврда.

Тошковски тврди дека земјава е во ваква ситуација поради неработењето на претходното раководтво.