Германија за 10 дена ги укинува епидемиолошките мерки
На 20 март годинава Германија ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки и ќе се префрли на правилото „хот спот“, што ќе им даде можност на покраините да дејствуваат во случај на потреба, според договорот постигнат меѓу министерот за правда Марко Бушман и министерот за здравство Карл Лаутербах.
„Мислам дека постигнавме добар компромис кој се потпира на два столба. Речиси и да нема ограничувања во секојдневниот живот на граѓаните“ – изјави Бушман за „ЗДФ“.
Лаутербах рече дека исклучок се маските и тестовите каде што има голем број членови на ризични групи, односно во домови за стари лица и болници. Исто така, обврската за носење маски може да остане во јавниот превоз.
„Се разбира, не е планирано да се отвори се“ – додаде тој.