Без конкретен и директен одговор на денешната прес-конференција Димитар Ковачевски на прашањето дали ДУИ ќе го поддржи нивниот претседателски кандидат. Како една од причините поради која ДУИ е сѐ подалеку од СДСМ се смета непотпишувањето на указот за Законот за игри на среќа од страна на претседателот Пендаровски.
За разлика од еуфоријата и енергијата која ја имаше кај лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски дека нивниот коалиционен партнер ДУИ ќе ја поддржи т.н. „европска коалиција“ тоа повеќе не е така.
Без директен и конкретен одговор Димитар Ковачевски дали ДУИ ќе го поддржи нивниот кандидат. Тој со краток коментар вели дека секоја партија може демократски да одлучи за претседателски кандидат
Ние сме демократско општество и секоја партија може да кандидира за секоја функција. Нашиот кандидат ќе биде познат до крајот на овој месец или евентуално на почетокот на следниот, започнува Ковачевски.
На конкретното прашање „дали ДУИ ќе го поддржи нивниот кандидат“ тој вели дека имате расположлива опција да го прифатат нивниот кандидат.
Тоа е прашање кое ДУИ треба да го одговори. ДУИ има опција да го прифати претседателскиот кандидат кој ние ќе го предложиме или да кадидира свој кандидат, рече Ковачевски.
Експертите како една од опциите за оддалечувањето на ДУИ од СДСМ го сметаат конфликтот меѓу претседателот Пендаровски и непотпишаниот указ за игрите на среќа.
Откако претседателот на државата, Стево Пендаровски не го потпиша указот за Законот за игри на среќа се вжешти тензијата на релација Пендаровски – ДУИ.
Потпретседателот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи даде свој коментар во нашата емисија Трилинг.
Неповрзани се тие две работи. Овој закон беше важен бидејќи беше предизборно ветување на ДУИ. ДУИ вети дека обложувалниците ќе ги тргне од централните градски подрачја, односно од важни објекти како школите и верските објекти. Затоа инсистиравме на тој закон да бидат оддалечени по 500 метри. Здруженијата кои се борат на ова и кои велат дека „заради европското знаменце не се потпишува“, но ова е малку дискутабилно, вели Османи.
Тој има дилеми за Пендаровски зошто не го потпишал указот.
Голем притисок правеа здруженијата за игри на среќа и сега не е јасно зошто не е донесена одлука. Дали е поради притисок на здруженијата за игри на среќа или заради европското знаменце, прашува Османи.