„Без согласнот од Град Скопје, Советот на општина Ѓорче Петров викендов на седница изгласале измени на Деталниот урбанистички пан (ДУП) со кој се драстично зголемени од 5 ката + поткровје, на 20 ката + поткровје дозволените градби на улицата `Ацо Шопов`“ информираше денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска.
Како што појасни Арсовска, иако морале да побараат мислење од надлежните институции, општината до Министерството за транспорт и врски доставиле барање, од каде на 16 февруари годинава е добиена согласност и во сабота е поминато на Совет на општината.
Според неа, согласнот за ДУП-от имало само од Агенцијата за катастар на недвижности, а Град Скопје дале две негативни мислења.
Градот Скопје, како што најави Арсовска, ќе поднесе кривична против градоначалникот на општина Ѓорче Петров – Александар Стојковски, министерот за транспорт и врски – Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров – Ленче Нелоска и Весна Андрецеска, вработена во Министерството за транспорт и врски.
Од Уставниот суд, пак, ќе побара со времена мерка да ја запре примената.
– Нема да дозволиме покрај овие бетонски зданија и изградба на три индустриски објекти од хемиската индустрија како потенцијални катастрофи да се изградат во општина Ѓорче Петров – рече Арсовска.