Црвениот крст на кина обезбеди хуманитарна помош во вредност од 5 милиони јуани (791.540 долари) за Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.
Руската инвазија врз Украина минатиот месец натера над 2 милионa Украинци да побегнат во странство. Оние кои останаа во Мариупол, многу брзо беа оставени без електрична енергија, парно, храна, како и вода за пиење, по бомбардирањето што трае повеќе од 13 дена.
Кина одби руските активности во Украина да ги нарече инвазија.