Министерот за надворешни работи на Русија – Сергеј Лавров заминал за Анталија (Турција) каде утре ќе има средба со својот украински колега – Дмитриј Кулеба, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова.
Кулеба вчера изјави дека неговата средба со рускиот колега Сергеј Лавров во Турција е закажана за 10. март.
„Ако Лавров пристигне во Анталија на 10. март, и јас ќе одам, ќе седнам и ќе разговарам“ – рече Кулеба на прес-конференцијата.
Претходно, Захарова изјави дека е планирана средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, на која ќе учествува и шефот на турската дипломатија – Мевлут Чавушоглу на маргините на дипломатски состанок во Анталија.