Во страшна сообраќајка во Црна Гора загинаа тројца млади, две девојки се борат за живот!

Тројца млади лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи ноќта меѓу саботата и неделата на патот Бар – Улцињ, соопшти црногорската полиција.

– Во оваа сообраќајна несреќа загинаа Д.М.(21) од Улцињ, Б.Б.(20) од Бар и Н.Д.(18) од Рожај – информираат од полицијата.

Деталите за случајот не се соопштени, пишува Дан, истакнувајќи дека истрагата е во тек.

Во Општата болница Бар се лекуваат Љ.П.(18) и А.В.(18) од Бар, кои се здобиле со повреди опасни по живот.

– До несреќата дошло како последица на судир на автомобил „ауди А3“ со улцински регистарски ознаки управувано од М.Д. и возило „сеат“ со барски регистерски таблици управувано од Б.Б.(20). На лице место починале возачот на „аудито“ и Н.Н., кој бил сопатник во „сеатот“. Девојката Б.Б., која го управувала „сеатот“, им подлегнала на повредите во болницата во Бар – информираат од полицијата.