Андонов: Сметките за парно ќе се намалат за над 60 отсто со инвестицијата на Митилинеос
„Вкупната количината на топлина што се троши во Скопје е 500-510 гигават часови. Митилинеос ќе произведува 275. Во моментов Те-То произведува 280, а околу 220 топланите, при што цената на топланите е два пати повисока од таа на Те-То. Цената на Те-То, што ја утврдила Регулаторната комисија е 2,3 денари, а на топланите е 5,3 денари“ рече директорот за развој и инвестиции на ЕСМ,Виктор Андонов во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Тој додаде дека кога цената на топланите од 5,3 денари, ќе се замени со 2,3, ќе се намалат сметките за парното во Скопје.