Пепси, Кока-Кола, Старбакс и Мекдоналдс прекинуваат со работа во Русија

Реномираните коммпании Coca-Cola и PepsiCo ја прекинуваат продажбата на нивните производи во Русија, откако претходно Мекдоналдс и Старбакс најавија за прекин на бизнисите во таа земја.

Coca-Cola објави дека во 2021 година, нејзините операции во Русија и Украина сочинувале околу 1 до 2 отсто од нето оперативниот приход.

PepsiCo, чиј пијалок беше меѓу ретките западни производи дозволени во Советскиот Сојуз пред неговиот распад, најави дека ќе продолжи да продава во Русија млеко и други млечни производи, храна за бебиња и мали деца.

Мекдоналдс претходно објави дека привремено ќе ги затвори сите свои 847 ресторани во Русија.

„Старбакс“ објави и дека ги суспендира сите деловни активности во Русија и дека околу 130 кафулиња што го носат неговото име ќе бидат затворени.