Зеленски го обвини Путин за смртта на Навални: Не му е гајле кој ќе умре!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, Зеленски изјави дека е „очигледно“ дека Путин „го убил Навални“.

Зеленски рече дека на Путин „не му е гајле кој ќе умре“ и дека рускиот претседател се грижи само да остане на власт, пишува германски „Велт“.

Тој изјави дека Путин „треба да изгуби сè“ и е „одговорен за злосторствата“.

Навални почина денеска во затворска колонија во автономниот округ Јамало-Ненец на 48-годишна возраст.

Канцеларијата на Федералната поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненец соопшти дека по прошетката, Навални се чувствувал лошо и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.