Мурињо типува за победникот во фудбалската Лига на шампиони

Жозе Мурињо беше гостин во подкастот на екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

Во него тој призна дека е многу повреден поради отказот што неодамна го доби од Рома, а потоа ги откри и неговите фаворити за освојување на англискиот фудбалски шампионат и Лигата на шампионите.

Ливерпул во моментов е водечки тим во Премиерлигата со два бода предност, но и натпревар повеќе од Манчестер Сити.

Откако малку размислуваше за конечниот одговор, Мурињо сепак му даде предност на тимот на Пеп Гвардиола. За него таа е еден од двата најголеми фаворити за освојување на Лигата на шампионите.

„Би рекол дека или Манчестер Сити или Реал Мадрид ќе ја освојат Лигата на шампионите. Сакам да освои Реал, за доброто на клубот и за Карло Анчелоти“, изјави Мурињо.