Ја прескокнал оградата во зоолошката градина, отишол кај кафезот со лавови, сакал селфи со кралот на џунглата, но сето тоа завршило катастрофално…
Тоа накратко е приказната за Прахлад Гуџар, 38-годишен Индиец кој на почетокот на неделава бил убиен од лав во зоолошката градина „Шри Венкатесвара“, пишува Дејли Меил.
Овој Индиец успеал да се искачи преку оградата висока осум метри и тргнал кон лавот. Се претпоставува дека мислел дека е безбедно.
Чуварот во зоолошката градина му викал да не му приоѓа на животното, но Прахлад го игнорирал тоа.
Животното реагирало и Индиецот немал никакви шанси.
Прахлад пристигнал сам во зоолошката градина, властите стапиле во контакт со семејството, а истражуваат и дали несреќниот маж отишол во луда авантура под дејство на алкохол.