(Видео) Османи за Законот за игри на среќа: Пендаровски не потпиша заради европското знаменце или притисоците од здруженијата?

Откако претседателот на државата, Стево Пендаровски не го потпиша указот за Законот за игри на среќа се вжешти тензијата на релација Пендаровски – ДУИ.

На оваа тема разговаравме со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и министер за надворешни работи. Емисијата во која ни гостува Османи ќе се емитува утревечер.

Неповрзани се тие две работи. Овој закон беше важен бидејќи беше предизборно ветување на ДУИ. ДУИ вети дека обложувалниците ќе ги тргне од централните градски подрачја односно од важни објекти како школите и верските објекти. Затоа инсистиравме на тој закон да бидат оддалечени по 500 метри. Здруженијата кои се борат на ова и кои велат дека „заради европското знаменце не се потпишува“, но ова е малку дискутабилно, вели Османи.

Тој има дилеми за Пендаровски зошто не го потпишал указот.

Голем притисок правеа здруженијата за игри на среќа и сега не е јасно зошто не е донесена одлука. Дали е поради притисок на здруженијата за игри на среќа или заради европското знаменце, прашува Османи.