Со старите лични карти може да се влезе во Србија, Албанија и Косово

Со старите лични карти, може да се влезе во Србија, Албанија и во Косово, а на регистарските таблички треба да имате налепница со „НМК“.

На пунктовите за вадење лични документи им се излегува во пресрет на граѓаните кои имаат потреба од лекување или за терапија во странство.

Во Уставен суд оформени се пет предмети за личните документи издадени без „Северна“ – претседателката не знае кога ќе се најдат на седница бидејќи, како што рече, тоа зависи од тимовите кои ги работат предметите.

„Конкретно не знам што е оспорено, но, секако е оној период на издавањето на личните документи и нивното времетраење. Има документи коишто се сè уште со важност, слободата на движење ограничена на овој начин. Би морале граѓаните да знаат дека слободата на движењето не е надлежност на Уставниот суд“, изјави претседателка на Уставен суд, Добрила Кацарска.

Сите граѓани кои платија за вадење на документ после промената на уставното име, а добиле обрасци со старото се дискриминирани, признаваат и од Владата.

Со старите лични карти, може да се влезе во Србија, Албанија и во Косово, а на регистарските таблички треба да имате налепница со „НМК“.