Ангелина Димовска-Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, информираат од Министерството за култура. Досегашен в.д. директор беше Даниел Лазаровски. За неговата работа во изминатиот период синдикатот на вработените во Филхармонија имаше многу забелешки.
Лазаровски беше директор од лани во септември. Синдикалната организација на Филхармонија минатата недела поднесе петиција до Министерството за култура за итно разрешување на Лазаровски поради „непрофесионално и неуко менаџирање, кое се одразува со големи негативни последици врз целокупното функционирање на Македонската филхармонија“.