„Европа да престане да се потпира на гасот од Русија“
Ентони Блинкен – државниот секретар на САД рече дека „императив“ е европските земји да престанат да се потпираат на руската енергија, особено додека трае украинската војна, бидејќи Русија енергенсите ги користи како оружје.
Холанската компанија „Шел“ денеска соопшти дека престанува со купување руска нафта, додека германскиот министер за економија соопшти дека наглото прекнување на снабдувањето на Европа со руски гас ќе доведе до тешка економска криза на Стариот континент.
Министерот Хабек соопшти дека САД до овој момент набавуваше само 7% руски гас, додека потребите на неговата земја, Германија, изнесуваа 35%.
И Европската комисија попладнево ја презентираше својата стратегија RePowerEU, со цел ЕУ да може целосно да се откаже од рускиот гас што побргу. Стратегијата нуди низа мерки за справување со растот на цените на енергенсите и обезбедување залихи за следната зима.
„Тешко, ужасно тешко, но возможно е ако сме волни да одиме подалеку и побргу од порано“ рече потпретседателот на Европската комисија – Франс Тимерманс.
Тој рече дека гасот може да се смета за транзициски извор на енергија, но дека она што е важно е тој гас да не доаѓа од Русија поради конфликтот со Украина.