(Видео) Муцунски за законот за игри на среќа: Целта е да се изврши легализација на неколку противзаконски одлуки

Целта на Законот за игри на среќа, кој беше донесен во средата, не е да се ограничат казината, обложувалниците и другите приредувачи на игри на среќа. Целта е да се изврши легализација на неколку противзаконски одлуки коишто владата ги има донесено во последната година, а истовремено да се прошири пристапот на онлајн игрите на среќа.

Ова, во новиот поткаст на Плусинфо, го изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Погледнете го делот од видео-интервјуто во кое тој, меѓу другото, најавува дека следниот собраниски состав во најитен рок ќе мора да го стави вон сила овој закон.