„Без поддршка Украина нема шанси да се брани“: Шолц и Бајден по средбата во Вашингтон

Израел или Украина? Републиканците и Демократите не се солгасуваат што е главен приоритет за САД. Финансиската помош е во „ќорсокак“, а ова беше главата причината за итна средба во Белата куќа меѓу Џо Бајден и Олаф Шолц.

Сепак, Бајден побара и поактивно европско вклучување во финансирањето на украинската одбрана.

„Во конгресот мора да помине пакетот трошоци за националната безбедност. Нашите претставници во долниот дом имаат спротивставен став и повеќе се занимаваат со домашна политика, наместо со бруталната руска агресија врз Украина. Затоа Германија помогна со удвојувањето на воената поддршка и така треба и да продолжи“, изјави Џозеф Бајден претседател на САД.

Германскиот канцелар потенцираше дека клучна е амаерикансата помош за Украина.

„Сега не би требало да се бркаме околу грмушката за тоа дали Украина може да ја одбрани земјата. Американската помош е клучна и затоа, доколку не се донесе одлука во конгресот, тоа ќе биде голема закана за Украина“, изјави Олаф Шолц – канцелар на Германија.

Се зборуваше и за состојбата на Блискиот исток.

„Исто така разговаравме и за последниот развој на настаните на Блискиот исток. За ослободување на заложниците, за хуманитарната помош. Долготрен мир би се постигнал со решението за две држави. Но за тоа е потребно многу да се работи. Тоа ќе го направиме“, изјави Џозеф Бајден – претседател на САД.

Шолц потврди дека треба да постајат и двете држави.

„Разговаравме и за иднината на Блискиот исток. Се согласивме за решението за постоење две држави, Израел и Палестина да живеат во мир. ќе направиме се тоа да се постигне“, изјави Олаф Шолц – канцелар на Германија.

На средбата, Шолц го коментирал и неодамнешното интервју на Путин со американскиот новинар Карлсон. Ставовите на рускиот претседател ги нарекол „смешни“.

И двајцата ја потврдија евро-атланската перспектива и нужноста за соработка меѓу двете држави.