По Франција, Германија, Бугарија и шпанските земјоделци на протест. Аграрните организации четврти ден повикуваат на масовни демонстрации.
Погодени се најмалку седум автономни заедници, сообраќајот е блокиран. Досега се приведени 20 лица и издадени над 2.000 жалби за прекршување на Законот за безбедност на граѓаните.
Интензитетот на протестите се очекува да се зголеми за време на викендот. Мобилизираните главно бараат фер цени за производството, поголема контрола на увозот надвор од ЕУ и намалување на бирократијата.