Русија му забрани на противникот на Путин да се кандидира на претседателските избори

Руската изборна комисија ја отфрли кандидатурата на Борис Надеждин за претседател на изборите следниот месец, објави самиот Надеждин на социјалните мрежи, пренесува Би-би-си.

Надеждин се обидел да ги оспори тврдењата на изборната комисија дека повеќе од 15 отсто од потписите што ги доставил со неговата апликација се неточни. Но, комисијата ја одбила неговата понуда и му забранила да се кандидира.

Надеждин најави дека ќе се обиде да ја оспори оваа одлука пред рускиот Врховен суд.

„Собрав повеќе од 200 000 потписи низ Русија. Го направивме тоа отворено и чесно“ – рече антивоениот противкандидат Надеждин кој ветуваше дека ќе стави крај на војната во Украина и оти ќе спроведе реформи во Русија.

Претседателските избори во Русија треба да се одржат од 15 до 17 март, иако резултатот не е доведен во прашање бидејќи се кандидираат само кандидатите одобрени од Кремљ.