Володимир Зеленски – претседателот на Украина вчера потпиша указ за повлекување на украинските војници од мировните мисии низ светот со цел да учествуваат во борбите против руските вооружени сили.
„Зеленски одлучи да ги повлече украинските мировници од целиот свет, заедно со опремата, за да ја зајакне украинската армија при одбивањето на руската агресија“ – се наведува во пораката што Врховната Рада ја објави на својот Телеграм канал
Зеленски во указот наведува дека одлуката ја донел со цел да го заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, јавија украинските медиуми.
Претходно во Украина беше формирана Легија на странци, која вклучува доброволци од различни земји.