(Видео) Мбапе се спаси, малку фалеше да му ја скршат ногата

Килијан Мбапе може да биде пресреќен што избегна сериозна повреда во второто полувреме од синоќешниот дуел меѓу ПСЖ и Брест, по бруталниот старт на Лилијан Брасие врз најдобриот фудбалер на „светците“.

Акцијата се одвиваше на средината на теренот, кога Брасие со отворен ѓон тргна на злобот на Мбапе, кој остана да лежи на теренот.

Во прв момент на трибините завладеа молк, по прегледувањето на снимката се стравуваше дури и од скршеница, но за среќа францускиот репрезентативец остана на теренот и го доигра мечот до самиот крај.

Брасие доби втор жолт и автоматски црвен картон за овој брутален старт, а француските медиуми информираат дека тој во текот на ноќта добил и бројни расистички навреди и закани од бесните фанови на ПСЖ.