Македонските фудбалери ги дознаваат противниците во Лигата на нации, желба е да се избегнат Шведска и Романија

Македонската фудбалска репрезентација денеска во 18 часот ќе ги дознае противниците за новото издание на Лигата на нации, на ждрепката што УЕФА ќе ја изврши во Париз.

Македонија повторно ќе биде дел од Лигата Ц и дел од третиот шешир и за противник сигурно не може да ги добие Словачка, Северна Ирска или Кипар.

Во однос на потенцијалните ривали, најсилна репрезентација барем на хартија е Шведска, која ќе биде еден од носителите заедно со Романија, Ерменија и со селекцијата на Луксембург.

Со натпреварување во Лигата на нации се почнува од 5 септември 2024 и ќе трае до 19 ноември 2024 години, со по две средби закажани за септември, октомври и ноември годинава.

ЛИГА Ц

ШЕШИР 1: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург.

ШЕШИР 2: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови.

ШЕШИР 3: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Северна Ирска, Кипар.

ШЕШИР 4: Белорусија, Естонија, Летонија, Литванија/Гибралтар.