„Бугарија, која ги поддржува санкциите против Русија како средство за запирање на руската инвазија на Украина, најверојатно ќе бара исклучок од забраната за увоз на руски природен гас и нафта доколку се даде таков предлог“. Ова за „Ројтерс“ го изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков.
„Бугарија ќе ги поддржи сите видови мерки бидејќи е против војната, освен двете мерки за увоз на нафта и гас. Бугарија во моментов нема алтернативи, земјата е премногу зависна“ рече Петков.
„Ние целосно го поддржуваме украинскиот народ, го поддржавме првиот пакет санкции, отворени сме и за други санкции, само овие две санкции би било тешко да се прифатат, и како економија и како земја“ – додаде Петков.
Во врска со бегалците кои доаѓаат од Украина, бугарскиот премиер изјави дека владата во Софија направила план да прими околу 50.000 луѓе, што ќе чини околу 1 милион евра дневно за храна и засолниште.