Од ОН соопштуваат – од почетокот на руската инвазија врз Украина загинаа над 1.200 цивили.
Информациите се дека повеќето од повредените се во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина. Бројките се груба проценка и ОХЦХР нагласува реалните се веројатно значително повисоки.
Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди изминатиот викенд рече дека досега повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина.
Тој нагласи тоа е „најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“.