Шестмина работници се повредени во експлозија во воена фабрика во Србија

Во воената фабрика „Милан Благојевиќ“ во Лучани утрово имало пожар и експлозија.

Како што неофицијално дознава Телеграф, има најмалку шест повредени, од кои четворица се малолетни.

Сите се сместени во болницата во Чачак.

Интервенирала нивната единица која работи во фабриката.

Мештаните велат дека од фабриката излегло амбулантно возило, а се гледа густ чад.