(Видео) Ибрахимовиќ повторно на „Сан Ремо“, сега со хит на Лепа Брена!
Еден од најдобрите фудбалери на светот во последните две децении, легендарниот Златан Ибрахимовиќ повторно се појави на сцената на најпознатиот музички фестивал „Сан Ремо“.
На популарниот Ибра ова не му е првото појавување на фестивалот на италијанската канцона. Екс играчот на Милан и пред три години беше специјален гостин на славниот фестивал.
И тогаш, а и сега она што е интересно е фактот што Ибра се појавува на бината со хит песна и музика од екс Југославија.
Поранешниот капитен на Шведска кој има потекло од Балканот е единствениот фудбалер на светот чија музичка желба се почитува на „Сан Ремо“.
Пред три години Ибра на сцената направи „хаос“ со хитот „Јутро је“ на Нада Топчагиќ , а сега се појави со хитот на Лепа Брена – „Луда за тобом“.