Пет лица, меѓу кои тројца цивили, загинаа во синоќешните израелски напади врз регионот Хомс во централна Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Сириската армија претходно утринава соопшти дека доцна синоќа биле убиени и ранети цивили, а сириските медиуми, повикувајќи се на неименуван воен функционер, објавија дека ударите предизвикале штета на приватен и јавен имот, без да наведат детали.
Опсерваторијата со седиште во Велика Британија во соопшти дека цивилните жртви се „жена, дете и маж“ и дека седум други се ранети во израелските напади врз зграда во населбата Хамра во Хомс.
-Израелскиот непријател изврши воздушни напади од регионот северно од Триполи (Либан) и гаѓаше неколку цели во градот Хомс и неговата околина, информира сириското Министерство за одбрана.
Сириската државна телевизија објави снимка на која се гледа како спасувачите трагаат по ранетите во урнатините на урнатата зграда и носат едно лице на носилки.
Директорот на опсерваторијата Абдел Рахман изјави дека погодената зграда во Хомс е целосно уништена.
Во саботата, израелската војска соопшти дека од октомври минатата година нападнала повеќе од 50 цели поврзани со Хезболах во Сирија.
САД, исто така, извршија напади врз групите поддржани од Иран во Сирија и Ирак изминатата недела, при што загинаа десетици луѓе, како одговор на смртоносниот напад врз нивните војници во Јордан.