На денешната владина одлука било одлучено платите на вработените во ФЗО да останат исти до 31 мај, годинава, практично пред да се прави нов ребаланс на буџетот. Информацијата ја потврди директорот на ФЗО, Асаф Абдурамани.
„Почитувани колеги, соработници на Фондот за здравствено осигурување, денеска премиерот г. Талат Џафери во тесна соработка со нас како Фонд и други надлежни институции донесоа заедничка одлука за иста вредност на платите (до 31.05.2024 година). Оваа одлука ќе важи до трајното решение кое секогаш ќе биде во корист на вработените.
Му благодариме на премиерот Џафери и на владиниот кабинет за стручната поддршка за надминување на овој проблем“, соопшти вечерва директорот на ФЗО на социјалната мрежа Фејбсук.
Но, извори за „Прес24“ брифираат дека одлука за тоа дали ќе биде прекинат штрајкот ќе се носи во текот на утрешниот ден, поточно кога ќе биде одржан состанок на Управниот одбор. Штајкот може да биде прекинат единствено со негова одлука, практично дотогаш уште ќе трае штрајкот на вработените во ФЗО.