Повторно е активен пожарот на планината Жеден

Пожарот кој вчера изби на врвот на планината Жеден се уште е активен. Според информациите од ЦУК гори сува трева и грмушки.

Од таму вчера соопштија дела поради непристапноста на теренот не може да се интервенира.

Изразија и очекување дека поради ниските температури пожарот сам ќе се угаси.

Но откако и утрово се увиде дека се уште гори во негово гасење беше активиран и еден полициски хеликоптер.