Таравари: Власта се обидува да ги заплаши активистите на АА, промените доаѓаат на 8ми мај

Лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари на „Фејсбук“ изрази загриженост поради обидите за заплашување на активисти од партијата, со како што вели, класичен метод на системот “бркање од работа“.

Тој во својот пост на социјалните мрежи пишува дека ваквите напори на поединци се губење време бидејќи промената е почната и никој и ништо не може да го врати процесот назад.

– Вие што ја користите моќта на овој начин, ве повикувам да купите календар или да го погледнете календарот на вашиот мобилен и да прочитате… 8 мај е многу, многу блиску!, вели лидерот на Алијанса.

Тој ги повика членовите разликите во АА, да остават да бидат решени на демократски начин и да не се срамат со вакви постапки бидејќи уцената не поминува кај ниеден член на партијата.