Британските медиуми објавија фотографии врз основа на кои може да се заклучи дека принцот Хари по пристигнувањето во Лондон отишол во Кларенс Хаус, домот на кралот Чарлс и кралицата Камила. Набргу потоа, кралот Чарлс беше виден во јавноста за првпат откако јавноста стана свесна за неговата болест.
Тој и кралицата Камила беа фотографирани како го напуштаат својот дом во Лондон, Кларенс Хаус, и се упатуваат кон Бакингемската палата. Оттаму, кралскиот хеликоптер полетал од палатата, а монархот наводно отпатувал до неговиот имот во Сандрингам.
Би-би-си додава дека не е јасно колку траела средбата меѓу Чарлс Трети и принцот Хари, ниту дали помладиот принц отпатувал во Сандрингам со својот татко.
Синоќа Бакингемската палата објави дека на кралот му бил дијагностициран „еден облик на рак“ додека се лекувал од зголемена простата. Тие не соопштуваат детали, но велат дека не се работи за рак на простата.
Принцот Вилијам, кралицата Камила и принцезата Ана, сестрата на кралот, се очекува да покриваат некои од должностите на кралот во наредните недели.