Владата разреши двајца директори кои доаѓаат од партијата Алијанса за Албанците, блиски до Таравари

Владата на денешната седница го разрешила од должноста в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија Газменд Абдија, дознава 24инфо.мк.

Истовремено, Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да ја отповика Бујаре Абази, од должноста член на Управниот одбор и генерален директор, а на нејзиното место да дојде Идри Истрефи.

И Абдија и Абази се кадри на Алијанса за Албанците и за двајцата се смета дека се блиски до претседателот на партијата Аргентина Таравари.