Амбасадорот Зашов ја промовираше својата книга „Романија-Македонија-дипломатски разговори“

Политиката и дипломатијата имаат допирни точки, но политиката не треба да влијае на дипломатијата како занает – амбасадорот Зашов ја промовираше својата книга „Романија-Македонија-дипломатски разговори, средби и сеќавања (1996-2002)“ година.

Во неа е опишано неговото дипломатско искуство и предизвиците со кои се соочувал.

Потребна ни е професионална дипломатија, димензионирана според можностите рече амбасадорот Зашов, кариерен дипломат во пензија, кој имаше и куса политичка кариера како пратеник на НСДП и потпретседател на Парламентот.