Револтирани од нередовната исплата на стипендиите и условите, студентите повлекоа потег – побараа измени во Законот за студентски оброк, за да се зголеми висината на износот што сега го добиваат и да се исплаќа на неделно ниво.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе законски измени. Тие реагираат за задоцнетите стипендии.
Од СДСМ велат дека се е навреме испатено и додаваат дека даваат поддршка за студентите. Оттаму велат дека се бараат начини како да се унапредат правата на студентите.
Работите се размрдаа откако студентите излегоа на протест.