Алијанса: Касами е познат како симбол на поделбата на албанската политичка сцена, не може да фрла кал врз АА

„Го повикуваме претседателот на Движењето Беса, познат како претседател на бравите, да не си го пика носот во внатрешните работи на другите субјекти, туку да си го гледа својот двор, кој го уништи од основањето. Билал Касами е универзално и официјално познат по кршењето брави, влегувањето насилно и демолирањето на седиштето на неговата партија во 2018 година, Билал Касами како градоначалник на општина Тетово ќе остане запаметен по кршењето на вратите од зградата во која се наоѓала невладина организација во Тетово“ се вели во денешното соопштение од политичката партија Алијанса на Албанците.

Оттаму порачуваат до тетовскиот градоначалник „не може да фрла кал врз Алијансата за Албанците, тој кој е познат и како симбол на поделбата на албанската политичка сцена, поради кого од Движењето Беса излегоа уште 7 партии“.