Нацоски: Трпчески го дигна на нозе Милано
Вчера македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Милано , а нашиот оперски пејач Благој Нацоски за него напиша дека Милано бил дигнат на нозе.
„Што да ви кажам, Симон го дигна на нозе Милано вечерва со неговиот концерт“, напиша Нацоски во својата објава на Фејсбук.
Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист.
Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња.
За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот.
Во 2011, Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.