Барел нафта од вечерва за 139 долари

Од вечерва барел нафта чини 139 долари. Цените на нафтата вртоглаво растат, а ништо помалку не застанува ниту цената на никелот и златото.  Достигнуваат некои од нивните највисоки стапки досега, додека залихите се намалуваат поради тековната криза во Украина, јавува „Ројтерс“.

Брент во понеделник (денеска) достигна 139 долари за барел, никелот се зголемува за 30% повеќе од нормалното, а златото ја проби бариерата од 2.000 долари на отворено оваа недела.