Избори во Албанија – Баша е најголем губитник!
Според досега пребројаните гласови, албанските владејачки социјалисти триумфираа на вчерашните предвремени избори за градоначалници спроведени во 6 општини. Најголем губитник на изборите се чини е Љуљзим Баша.
По освоеното градоначалничко место во општина Вора, социјалистите ќе ги предводат и општините Рогожина, Љушња и Пешкопеја, а во голем предност е нивнот кандидат и во Драч.
Единствено во Скадар во предност е кандидатот на коалицијата „Дом на слободата“, крилото на демократите предводено од Сали Бериша. Тоа значи дека резултатот остварен на вчерашните избори е најголем удар врз Демократската партија, предводена од Баша.