Владата на Руската Федерацја одобри список на странски земји и територии кои спроведуваат непријателски дејствија против Русија. Меѓу нив се најде и нашата земја која воведе санкции против Русија.
На списокот се наоѓаат: САД, Украина, Европската унија, како и Австралија, Албанија, Андора, Велика Британија, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Република Кореја, Сан Марино, Северна Македонија, Сингапур, Тајван, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија.
Наредбата е изготвена со претседателски декрет, а истиот е потпишан од Владимир Путин на 5. март 2022 година.
Според документот, Владата, руските граѓани и компаниите кои имаат девизни долгови кон странските кредитори од списокот на непријателски земји ќе можат да ги платат во рубљи.