Предлог – Ангела Меркел за посредник со Русија

Матео Ренци – екс-премиерот на Италија предлага поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Ренци за весникот „Република“ изјавил дека „испраќањето оружје во Киев не помага да се победи војната, ниту пак воведените санкции кон Русија. Тој предлага дијалог со претседателот Путин преку Ангела Меркел, посочувајќи дека „НАТО и ЕУ мора да најдат заеднички одговор, во спротивно новиот светски геополитички поредок уште долго ќе не распарчува“.

Ренци смета дека „Путин ја менува географијата на светот, поместувајќи го центарот на гравитација на исток. Ја предизвикува Европа бидејќи има пакт со Кина, Индија и многу африкански земји. Затоа реакцијата мора да биде политичка.