Концерт на Симон Трпчески во Лондон
Македонскиот пијанист Симон Трпчески во рамки на Пролетната серија концерти на „Вигмор Хол“, утре ќе одржи матине концерт во Лондон, насловен „Трпчески и пријателите“.
На концерт заедно со Трпчески на сцената ќе бидат Ѓорѓи Димчевски на виолина, Сорин Спасиновици од Романија на виола, Александер Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет и Влатко Нушев на перкусии.
„Во меѓувреме, издавачката куќа „Лин рекордс“, по големиот интернационален успех на ЦД-то на кое Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, веќе за крајот од овој месец го најави и излегувањето на првиот самостоен компакт диск за познатата британска етикета на која Симон Трпчески ќе се претстави со дела од Моцарт, Брамс и Бетовен“, се наведува во соопштението.