ВМРО-ДПМНЕ ги претстави министрите за во техничката влада

ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Мицкоски на трибина во Скопје ги претстави кандидатите за министри и дополнителни заменици во техничката влада. Клучни позиции довиваат Панче Тошковски кој застанува на чело на МВР, а Ѓоко Велковски ќе го води ресорот труд и социјала.

Овој настан беше потребен за да зборуваме отворено за некои работи и предизвици кои што не чекаат во периодот кој што следи. Би сакал она што сакам да го кажам да го започнам со една работа која ја читав во текот на вчерашниот ден и утрово, а тоа е онаа ново формирана коалиција, барем во јавните гласила и на јавна сцена, а тоа е коалицијата Зечевиќ, Маричиќ, Груби, Османи заедно со јастребите кои што треба да нанесат штета на антивладиот глас во Македонија, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата Важно е Платформа за иднина, насловена Важно е да имаме фер избори.

Претседателот Мицкоски нагласи дека СДСМ, Зечевиќ, Маричиќ, Груби и Османи сакаат да го девалвираат капацитетот на петте кандидати за министри и дополнителни министри во техничката влада од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека сите тие заедно немаат половина од тоа што го имаат овие кандидати поединечно како сопствена биографија или нешто што направиле за Македонија, иако 6ипол години се министри во владата.

Ги читам нивните сега соопштенија каде што ги девалвираат капацитетите на овие 5 луѓе кои се овде до мене. Но, на тој начин тие сакаат да ја девалвираат практично целокупната коалиција која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е вистинската антивладина коалиција. Тоа е коалиција која се бори против Зечевиќ, Маричиќ, Груби, Османи, нови и стари Алтернативи и разно разни јастреби кои имаат задача да направат штета на антивладиниот глас во Македонија. Замислете за прес центарот кој што го водат Зечевиќ и Маричиќ а тоа е СДСМ, еден Артан Груби и Бујар Османи се по прифатливи од Стефан, Цветан, Елена, Панче, Ѓоко, а сите тие заедно немаат половина од тоа што го имаат овие кандидати поединечно како сопствена биографија или нешто што направиле за Македонија, иако 6ипол години се министри во владата, рече тој.