(Видео) Голем пожар во центарот на Белград – црн чад на Кнез Михаилова

Вечерва во центарот на Белград имаше голем пожар.

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од пожарот кој ја зафати зградата во Кнез Михаилова.

Густ, црн чад извира во сите правци.

Голем број пожарникари се на терен, а полицијата врши увид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Еден од станарите вели дека сцената била страшна.

– Одеднаш од прозорецот почна да излегува чад. Беше страшно. Станарите се еден до друг на терасите – изјави за Блиц.

Милош Ш., исто така еден од станарите на зградата, вели дека сите истрчале од зградите кога го виделе чадот.

– Почувствувавме силен мирис на чад и истрчавме од становите, навистина се исплашивме, но добро е што не е ништо сериозно – вели тој.