(Видео) Митева оставката на Ковачевски ја гледа како „почеток на крајот на владеењето на СДСМ“

Иако најголемата опозициска партија ќе биде дел од преодната влада која ќе ги организира изборите пролетва, оставката на Димитар Ковачевски ја оценуваат како почеток на крајот на СДСМ и ДУИ.

Од партиското седиште со остри критики за работата на власта и премиерот Ковачевски кој според нив во својот мандат го доби најнегативниот извештај од Европската комисија.