Официјално – Вучиќ кандидат за нов претседателски мандат во Србија
Лидерот на Српска напредна странка – Александар Вучиќ на престојните претседателски избори во Србија повторно ќе е во трка за нов мандат како шеф на државата.
„СНС донесе одлука да го кандидира Александар Вучиќ за претседател на Србија на изборите на 3. април“ – соопшти премиерката Ана Брнабиќ, по седница на Претседателството на СНС.
Брнабиќ рече дека Вучиќ е кандидат и на коалицијата „Александар Вучиќ, заедно можеме се“.
Кандидатурата ја подржаа и Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ, Единствена Србија и Сојузот на војводинските Унгарци (СВМ).
„Како и да свртите изборите нема да бидат лесни, особено во вака тешки времиња. Затоа ни е драго што наш кандидат е Вучиќ“ – порача Брнабиќ.